Двејн Џонсон сними видео за да соопшти дека тој и целото негово семејство се позитивни на коронавирус.
48-годишниот актер, неговата сопруга Лорен и двете ќерки, 2-годишната Тијана и
„Да си позитивен на КОВИД-19 е многу поразлично од опоравувањето од лоши повреди... Мојот врвен приоритет отсекогаш бил да го заштитам моето семејство и моите сакани. Посакувам само јас да бев позитивен, но беше целото мое семејство и тоа беше како некој да ме удрил по стомакот. Сите во нашето семејство сме добро и сме на другата страна, повеќе не сме заразни. Фала му на Бога, здрави сме“ – напиша славната филмска ѕвезда.


Џонсон сподели и совети кои сите треба да ги следиме за да се заштитиме од КОВИД-19:
- Бидете дисциплинирани.
- Зајакнете го вашиот имун систем.
- Посветете се на здравиот начин на живот.
- Носете маска.
- Заштитете го вашето семејство.
- Внимавајте кога каните луѓе на гости или на собири.
- Бидете позитивни.
- И грижете се за вашите пријатели.



