Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Влатко Лозаноски и Викторија Лоба споделија фотографии од среќните моменти од детството

Влатко Лозаноски и Викторија Лоба споделија фотографии од среќните моменти од детството

И Влатко Лозаноски и Викторија Лоба се вклучија во предизвикот од СОС Детско село.

Кампањата #СетиСЕ има за цел заедно да создадеме убави спомени за секое дете, а поттикнува секој од нас да ги отвори старите албуми и да сподели фотографии од среќните моменти од детството.

Откако ѕвезди како Каролина Гочева, Калиопи, Јелена Јованова и Тарабунов споделија свои радосни мигови, истото го направија и Лозано и Лоба кои објавија мини албуми на Instagram.

„Ова сум јас, малата Вика. И имам малку трема додека му ја раскажувам новогодишната песничка на Дедо Мраз, а во себе си се мислам “што ли ми ставил Дедо Мраз во пакетчето??”“

„На следната фотографија сум дотерана во сопствен стајлинг и самостојно скратени шишки за фотосесијата во градинка. На третата слика веќе сум маче прваче.“

„Толку убави топли спомени ми будат овие фотографии и секоја од нив е своја приказна… Го прифатив предизвикот #СетиСе на СОС Детско село со искрени желби секое дете да има среќно и безгрижно детство“ – напиша Лоба во описот на фотографиите.

Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба

„10 слики посветени од нашето среќно детство.Искрено, 10 фотографии се премал број, за да се опфати сѐ што се случувало во минатото, но ова е нешто што набрзина можев да го добијам како архива и да го споделам со јавноста“ – напиша Лозано.

Лозано Лозано Лозано Лозано Лозано Лозано Лозано Лозано Лозано

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11373 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.