Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Викторија Лоба со „анплагд“ музичко матине за нејзиниот албум „Нов Свет”

ВИДЕО: Викторија Лоба со „анплагд“ музичко матине за нејзиниот албум „Нов Свет”

Викторија Лоба & Friends снимија анплагд музичко матине за нејзиниот албум „Нов Свет”. Официјално може да се чујат шест песни на YouTube каналот на Лоба, буквално песни за сечиј вкус.

„После долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова анплагд музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме - го правиме. Ве поканувам на мојот ЈуTуб канал за да уживате во секоја песна. Лично мене ми е посебно драга новата верзија на „Само мој” неочекуван нов аранжман кој со себе повлече и нов стил на изведба на самата песна“ – вели Лоба.

„Нов свет“

„Една единствена“ и „Само мој“

„Дојди“

„Опиум“

„Воздишка“

Анплагдот го изработија Дина Јашари, придружен Вокал, Кристијан Кожумановски бас гитара, Теодор Теодосиевски тапани, Стефан Алексовски клавијатури, Филип Попов гитара, а продукција на видеото се Дарко Митев и Стефан Николовски и аудио снимање, микс, мастеринг Нино.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.