Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија Бекам го прослави 45-тиот роденден со целото семејство, Дејвид ѝ честиташе и со Instagram порака

Викторија Бекам го прослави 45-тиот роденден со целото семејство, Дејвид ѝ честиташе и со Instagram порака

Викторија Бекам наполни 45 години и, како и секогаш, одбележа заедно со целото свое семејство.

Познатата дизајнерка го прослави својот роденден во друштво на сопругот Дејвид Бекам, четирите деца Бруклин, Круз, Ромео и Харпер и девојката на Бруклин, Хана.

Среќната славеничка сподели фотографија од семејниот собир и видеа од подароците кои ги добила од најмилите, пишувајќи дека го имала најневеројатниот ден.

„Најубавиот ден со моите најомилени луѓе на светот. Ве сакам многу, многу, многу. Бакнежи од една многу сакана мајка и сопруга“ – напиша Викторија.

Бекам

За да ѝ посака среќен роденден, Дејвид објави нејзина фотографија на Instagram и во описот напиша: „Среќен роденден Мама... Имај го најубавиот ден, бидејќи заслужуваш да бидеш разгалувана од твоите малечки и од мене, се разбира“.

Бекам

Викторија го започна денот во 6 часот наутро, а подоцна дуваше свеќа на крофна на роденденски појадок со најмилите.

Бекам

Дејвид сподели и видеа на кои нивните деца прават ролни од сладолед.

Бекам

Таа покажа и дел од подароците кои ги доби на специјалниот ден.

Бекам Бекам Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.