Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Вие станавте херои“: Зоран Заев им честиташе на Тамара и нејзиниот тим за евровизискиот успех

„Вие станавте херои“: Зоран Заев им честиташе на Тамара и нејзиниот тим за евровизискиот успех

Тамара Тодевска и целиот тим кој беше заслужен за нејзиниот настап на евровизиската сцена се сретнаа со Зоран Заев. Македонскиот премиер им се заблагодари за гордоста што им ја приредија на граѓаните со извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Proud“ (Горда).

Тамара го освои седмото место, што е најдобар пласман досега на нашата земја на музичкиот натпревар. Според гласовите на стручното жири, таа го освои првото место и целата држава се радуваше на огромниот успех.

Заев им додели плакета како знак за признание за успехот.

Тамара и евровизискиот тим на средба со Зоран Заев Тамара и евровизискиот тим на средба со Зоран Заев Тамара и евровизискиот тим на средба со Зоран Заев

„Огромно благодарам за Тамара Тодевска и целиот тим за гордоста што ни ја приредивте на сите граѓани со огромниот успех што го постигнавте со #Proud на Евровизија 2019 во Израел.“

„Вие станавте херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права“ - напиша Заев на Facebook.

ВИДЕО

Тамара и евровизискиот тим на средба со Зоран Заев Тамара и евровизискиот тим на средба со Зоран Заев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.