Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Џорџина Родригез низ солзи зборува за загубата на едно од близначињата по породувањето

ВИДЕО: Џорџина Родригез низ солзи зборува за загубата на едно од близначињата по породувањето

Џорџина Родригез открива многу работи за себе во серијалот за нејзиниот живот на Netflix. Во втората сезона, таа ќе зборува за загубата на едното од близначињата по породувањето.

Во новиот трејлер, партнерката на Кристијано Роналдо низ солзи признава дека минатата година ги доживеа најубавите и најлошите моменти од животот – да тагуваш за загубата на синот, а истовремено да се радуваш за раѓањето и животот на ќерката.

„Ме следат над 40 милиони луѓе, но никој не знае како вистински се чувствувам. Оваа година, во ист миг го доживеав најдобриот и најлошиот момент од мојот живот. Животот е тежок. Животот продолжува. Имам причини за да продолжам и да бидам силна. Крис навистина ме охрабрува да продолжам со мојата агенда. Ми рече: ‘Џио, продолжи со животот. Тоа ќе ти годи’. Приоритет сега ми се семејството и децата. Среќна сум и благодарна“ – изјави Џорџина.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

Таа зборуваше и за Роналдо. „Тој е толку внимателен. Многу е добар со мене. Кристијано е љубовта на мојот живот“ – вели таа.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

Видео:

Роналдо и Џорџина очекуваа близначиња, но при породувањето изгубија едно од новородените бебиња. Преживеа нивната ќеркичка која го доби името Бела Есмералда.

Тие имаат уште четири деца: 12-годишниот Кристијано Џуниор, 5-годишните близначиња Ева и Матео и 5-годишната Алана Мартина.

Џорџина Родригез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26630 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.