Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ченинг Тејтум маскиран како Елвис Пресли забавува непознати лица во лифт

ВИДЕО: Ченинг Тејтум маскиран како Елвис Пресли забавува непознати лица во лифт

Ченинг Тејтум се маскираше како Елвис Пресли и изненади непознати лица кои мислеа дека се упатуваат кон своите канцеларии. 36-годишниот актер преправен како „Кралот на рокенролот“ ги забавуваше оние кои влегуваа во истиот лифт со него.

Велејќи им дека е таму за работен ангажман, тој најпрво им пее и танцува, а потоа ги замолува да пеат заедно со него. На крајот од видеото, ѕвездата од „Magic Mike“ ги упатува кон соба полна со згодни машки танчари и ја трга маската, покажувајќи го своето лице. Возбудата кај припадничките на понежниот пол кога ќе го здогледаат е повеќе од очигледна.

Видеото е снимено за да се привлечат што повеќе луѓе да донираат парични средства за потпомагање на борбата против СИДА. Оние кои ќе донираат добиваат можност за патување во Лас Вегас, влезница за премиерата на шоуто на Тејтум „Magic Mike Live“ и дружење со популарниот актер на забава по завршувањето на шоуто.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11247 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.