Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Трејлер за новото продолжение на „Magic Mike“ со Ченинг Тејтум и Салма Хајек

ВИДЕО: Трејлер за новото продолжение на „Magic Mike“ со Ченинг Тејтум и Салма Хајек

Згодниот Ченинг Тејтум и атрактивната Салма Хајек се водечките актери во филмот „Magic Mike’s Last Dance”.

Во новото продолжение на „Magic Mike“, Тејтум повторно влегува во улога на Мајк Лејн, кој е шанкер и така ја запознава Салма, чиј лик нема име во филмот.

Кога ќе дознае дека Мајк порано се занимавал со стриптиз, таа ќе биде импресионирана и ќе му понуди жешки настапи во Лондон. Понуда која Мајк нема да може да ја одбие.

Следно, тие заедно патуваат за Лондон, каде се подготвуват за танцувачко театарско шоу кое публиката треба да ја остави без здив.

„Луѓето се вкочанети, неповрзани. Ние ќе ги разбудиме со бранови на страст, кои никогаш претходно ги немаат почувствувано“ – вели Хајек во филмската реплика од трејлерот.

„Last Dance“ на Дона Самер е песната која се протега низ сите тажни и среќни филмски сцени и му дава класичен белег на филмот.

Филмот е режиран од Стивен Содерберг е режисер, а ќе почне да се прикажува во кината од 10 февруари, 2023 година, по повод Денот на вљубените.

Magic Mike

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26528 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.