Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Првиот трејлер за трагичната приказна „Ана Каренина“

ВИДЕО: Првиот трејлер за трагичната приказна „Ана Каренина“

Ана Каренина е еден од најфасцинантните ликови во литературата, а познатото дело кое го опишува животот на оваа трагична хероина отсекогаш предизвикувало восхит. Па, не е изненадување што Холивуд реши повторно да ја пренесе оваа приказна на големиот екран.

Се појави првиот трејлер за филмот „Ана Каренина“, во кој главната улога ја има Кира Најтли. Видеото ја покажува Русија во деветнаесеттиот век, фокусирајќи се на руската аристократија и на љубовниот триаголник меѓу Ана, нејзиниот сопруг Алексеј (Џад Лоу) и нејзиниот љубовник Вронски (Арон Џонсон).

Кира Најтли во улогата на Ана КаренинаКира Најтли во улогата на Ана Каренина

Комплицираниот лик на Ана Каренина бил голем предизвик за Кира и таа признава дека тоа е најтешката улога која ја имала досега. „Беше неверојатно. Дефинитивно беше најтешкото нешто што го имам направено. На брилијантен начин. Очигледно Толстој беше гениј и сметам дека причината поради која неговите книги траат толку време е затоа што се комплексни и го прикажуваат најдоброто кај човештвото и најлошото од човештвото, честопати во еден лик. Балансирањето на сите тие нешта во една личност беше навистина тешко“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9490 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.