Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Актерката Кира Најтли пее на француски во нова реклама на Шанел

ВИДЕО: Актерката Кира Најтли пее на француски во нова реклама на Шанел

Кира Најтли е лицето од новата рекламна кампања на Шанел. Овој пат славната актерка влезе во улога на пејачка и преку изведбата на романтична, француска песна ја претстави новата колекција накит - Chanel’s Coco Crush.

Најтли ја пее песната „Le Tourbillon de la Vie“ од францускиот филм „Jules et Jim“ од 1962 година, а својата нежна вокална изведба ја придружува со гитара. Притоа, во фокусот се нејзините раце украсени со парчиња елегантен накит од најновата колекција на францускиот бренд.

Британската актерка е муза на Шанел веќе десет години, а минатата година познатиот бренд за првпат ја назначи и за заштитно лице на својот накит. „Карл Лагерфелд е икона. Благодарна сум и се чувствувам неизмерно среќна поради фактот што работам за Карл и за Шанел веќе девет години“ – беше тогашната изјава на актерката, а таа со последното рекламно видео уште еднаш докажа дека францускиот бренд не погрешил во својот избор.

Кира Најтли Кира Најтли Кира Најтли Кира Најтли Кира Најтли Кира Најтли Кира Најтли Кира Најтли Кира Најтли

Претходно, 32-годишната Најтли беше во рекламата за парфемот „Coco Mademoiselle“, а ја одглуми и легендарната Коко Шанел во краткиот филм „Once Upon A Time…“, кој го режираше самиот Карл Лагерфелд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11143 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.