Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Нов трејлер за филмската приказна „Пепелашка“

ВИДЕО: Нов трејлер за филмската приказна „Пепелашка“

Приказната „Пепелашка“ наскоро ќе биде раскажана на големото филмско платно. Новиот трејлер за филмската верзија на познатата бајка ни дава можност да ѕирнеме во романтичните средби на Ела и шармантниот принц.

Визуелниот спектакл ја следи приказната за Ела (Лили Џејмс), девојка која е малтретирана од маќеата (Кејт Бланшет) и двете полусестри (Софи Макшера и Холидеј Грејнџер). Улогата на принцот му припадна на ѕвездата од „Game of Thrones“, Ричард Меден. Талентираната Хелена Бонам Картер ја носи магијата во филмот, помагајќи ѝ на главната хероина да замине на балот со кочија и зашеметувачки син фустан.

Дизни ќе го претстави новиот филм на 13 март.

Пепелашка Пепелашка Пепелашка Пепелашка Пепелашка Пепелашка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11348 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.