Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Камила Кабејо е Пепелашка во нова верзија на популарната бајка

ВИДЕО: Камила Кабејо е Пепелашка во нова верзија на популарната бајка

„Пепелашка“ одново ќе биде раскажана на филмското платно, но приказната ќе доживее нетрадиционални промени.

Што е поразлично? Камила Кабејо, која ја има главната улога во филмот, е прикажана како амбициозна дизајнерка чија цел во животот не е да го пронајде својот принц, туку да го развива својот бизнис. Официјалниот трејлер покажува и дека добрата самовила е всушност актерот Били Портер, а за кралскиот бал, наместо во фустан тој магично ја облекува Пепелашка во син костум. Сепак, на балот Пепелашка се појавува во блескава креација и стаклени чевлички и го освојува срцето на принцот.

Откако принцот ќе ја избере за да му биде идна сопруга, Пепелашка му кажува дека не сака цел живот да биде заглавена во кралска ложа и љубезно да мавта со раката, туку дека има свои соништа и сака да си ги оствари.

Филмот ќе се прикажува на Amazon Prime од 3 септември.

Трејлер

Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.