Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Легендарниот Стиви Вондер ѝ пее специјална верзија на свои хитови на Мишел Обама

ВИДЕО: Легендарниот Стиви Вондер ѝ пее специјална верзија на свои хитови на Мишел Обама

Синоќа, Мишел Обама за последен пат како прва дама на САД гостуваше во ТВ емисија. 52-годишната сопруга на американскиот претседател во заминување, Барак Обама, беше дел од „The Tonight Show“ на Џими Фелон.

Мишел не можеше да ја скрие среќата и возбудата кога во студиото настапи нејзиниот омилен музичар Стиви Вондер. Во видеото, таа со широка насмевка го следи легендарниот пејач додека тој ѝ пее специјална верзија на своите хитови „Isn’t She Lovely“ и „My Cherie Amour“.

„Те сакам Мишел“ – ѝ вели Вондер пред да започне со настапот во кој пее: „Ти секогаш ќе бидеш прва дама во нашите животи“.

Видео

Мишел Обама и Стиви Вондер Мишел Обама и Стиви Вондер Мишел Обама и Стиви Вондер Мишел Обама и Стиви Вондер

Во рамките на шоуто, Џими и Мишел изненадија млади Американци, давајќи им можност лично да ги запознаат. Учесниците беа замолени да ѝ се обратат на првата дама, гледајќи во нејзина фотографија на ѕидот, без да знаат дека Обама е зад завесата. Погледнете:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11073 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.