Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Елен Деџенерис не можеше да си ги задржи солзите кога Барак Обама ѝ додели Медал на Слободата

ВИДЕО: Елен Деџенерис не можеше да си ги задржи солзите кога Барак Обама ѝ додели Медал на Слободата

Барак Обама ја награди Елен Деџенерис со почесниот Медал на слободата. На свеченоста во Белата куќа, 58-годишната водителка не можеше да си ги задржи солзите додека го слушаше говорот одржан во нејзина чест.

Елен и Обама

„Во кариера која трае три децении, Елен Деџенерис ги разведруваше нашите духови и носеше радост во нашите животи како стенд ап комедијантка, актерка и телевизиска ѕвезда. Во секоја улога, таа нè потсетува да бидеме љубезни еден кон друг и да се однесуваме со луѓето онака како што сакаме тие да се однесуваат со нас. На клучни моменти, со нејзината храброст и искреност помогна да се променат умовите и срцата на милиони Американци, забрзувајќи го стремежот на нашата нација кон еднаквост и прифаќање на сите. Повторно и повторно, Елен Деџенерис ни покажува дека една единствена индивидуа може да го направи светот позабавно, поотворено и полно со љубов место, додека ние продолжуваме да пливаме“ – вели спикерот во говорот кој ја расплака Елен.

ВИДЕО:

Овој почесен медал е највисокото признание кое еден жител на САД може да го прими, па сосем разбирливи се емоциите кои извираа од популарната водителка.

Елен и Обама Елен и Обама Елен и Обама

Повеќе личности добија Медал на слободата од претседателот на САД, меѓу кои и Бил и Мелинда Гејтс, Том Хенкс, Роберт де Ниро, Дијана Рос, Брус Спрингстин, Роберт Редфорд и Мајкл Џордан.

Елен и Обама Елен и Обама Елен и Обама Елен и Обама Елен и Обама Елен и Обама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11893 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.