Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Група бабички ќе ја претставуваат Русија на Евровизија

ВИДЕО: Група бабички ќе ја претставуваат Русија на Евровизија

Русија испраќа на Евровизија група составена од шест бабички на просечна возраст од 75 години. Групата „Бурановски бабушки“ победи 24 конкуренти, меѓу кои и Дима Билан, на изборот за песна за Евровизија одржан во Русија.

Облечени во селски носии, енергичните бабички пеат песна која спојува модерни поп звуци и фолклорно пеење. Рефренот е на англиски, а во него бабичките пеат: „Party for everybody, come on and dance“.

Една од членките на групата во интервју за руска телевизија изјавила дека настапуваат само за да соберат пари за изградба на црква во нивното село, кое има приближно 650 жители. „На бабите не им треба слава и богатство. Ние имаме семејство, имаме дом, имаме доволно за да живееме“ – изјавила Оља, една од шесте повозрасни жени.

Наша претставничка на Евровизија е македонската музичка ѕвезда Калиопи. Таа ќе нè престави со композицијата „Црно и бело“ на натпреварот кој оваа година ќе се одржи во Баку, Азербејџан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.