Кристијан Ристески тргна по стапките на Тоше Проески. 20-годишното момче за првпат во живо ја отпеа својата прва авторска песна која е посветена на неговиот вујко.
Кристијан застана на сцената во „Борис Трајковски“ и покажа дека ги наследи вокалните способности од Тоше, изведувајќи ја песната „We Are Blood“. Пред неколку години, Кристијан имаше изјавено: „Вујче Тоше ме зарази со музика“.


За време на настапот, во позадина се прикажуваа заеднички фотографии на Тоше и Кристијан.





ВИДЕО
„We Are Blood“ е дел од новиот албум на Тоше, кој синоќа беше промовиран на хуманитарниот концерт во Скопје. Албумот, насловен „Secret Place“, го изработи британскиот продуцент и композитор Енди Рајт, со кого Кристијан соработуваше за песната.



