Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Талентиран на вујко си: Внукот на Тоше Проески порасна и од него ја наследи љубовта кон музиката

Талентиран на вујко си: Внукот на Тоше Проески порасна и од него ја наследи љубовта кон музиката

Се сеќавате на Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески со кого тој ја сними песната „My Little One“?

Талентираното момче порасна и денес има 20 години, а љубовта кон музиката несомнено ја наследи од нашата ѕвезда со ангелски глас.

Пред неколку години, Кристијан имаше изјавено: „Вујче Тоше ме зарази со музика“, па своето образование тој го продолжи на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје, на отсек интерпретација на популарна музика и музичка продукција.

Внукот на Тоше

Кристијан свири гитара и тапани, а на својот профил на Instagram постојано објавува фотографии од детството, потсетувајќи се на дружбите со својот непреболен вујко.

Внукот на Тоше

Заедничката песна на Тоше и Кристијан „My Little One“ е дел од постхумниот албум на македонската легенда насловен „The Hardest Thing“.

ВИДЕО

Тоше почина на 16 октомври 2007 година, како последица на сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац во Хрватска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.