Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Бијонсе со инспиративна порака за Денот на хуманитарноста

ВИДЕО: Бијонсе со инспиративна порака за Денот на хуманитарноста

Бијонсе се вклучи во активностите за одбележувањето на Светскиот ден на хуманитарноста. Со надеж дека ги охрабри луѓето низ цел свет да направат нешто позитивно и хумано, 30-годишната пејачка испрати видео порака.

„Направете едно нешто за друго човешко суштество. Ништо не е премало“ – вели Бијонсе во црно-белото видео во кое е вклучена нејзината песна „I Was Here“.

Бијонсе

Бијонсе и Дајен Ворен, која го напишала текстот на „I Was Here“, ја донираа песната за кампањата, а на 19 август ќе биде снимен и спот за истата.

Светскиот ден на хуманитарноста им е посветен на сите оние кои ги изгубиле своите животи работејќи за хуманитарни цели, но и на хуманитарните работници кои продолжуваат да им го олеснуваат животот на оние на кои им е потребна помош.

Кампањата по повод Денот на хуманитарноста има за цел да достигне до милијарда лица кои ќе ја пренесат пораката за љубов и ќе ја подигнат свеста за постоењето на стотици илјади луѓе кои страдаат низ цел свет. „1 ден, 1 свет, 1 порака“...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.