Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ана Курникова танцува со ќеркичката Луси на новиот хит на Енрике Иглесијас

ВИДЕО: Ана Курникова танцува со ќеркичката Луси на новиот хит на Енрике Иглесијас

Ана Курникова сподели забавно видео на кое танцува со малата ќеркичка на новиот хит на нејзиниот сакан Енрике Иглесијас.

36-годишната поранешна тенисерка во видеозаписот ја носи во кенгур петмесечната Луси додека танцува на песната „Move to Miami“. Во описот, Курникова шеговито напиша: „Малечка, те молам не ги наследувај моите танцувачки движења“.

#girlfun #movetomiami Little one, please don’t inherit my dance moves

A post shared by (@annakournikova) on

Во моментов, Ана е во Мајами со близначињата Луси и Николас, кои ги доби со Иглесијас откако ја чуваа бременоста во тајност.

Енрике Енрике

42-годишниот пејач е на турнеја, но не го заборава своето семејство. За израелските медиуми тој изјави дека Ана и близначињата премногу му недостигаат, но дека ужива да настапува пред своите обожаватели.

„Премногу ми недостига моето семејство. Но, го обожавам она што го работам, што сум на сцената и што сум обиколен од моите фанови. Тоа се двете нешта што најмногу ги сакам во мојот живот“ – рекол Енрике.

Парот е во врска 16 години.

Енрике и Ана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11053 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.