Перо Антиќ и Сања Ристиќ накратко ја тргнаа завесата на приватноста за да обелоденат дека се во врска.
Поранешниот кошаркар и успешната маркетинг менаџерка, која ја паметиме по детскиот хит „Ех, тој Тоше“, споделија фотографии на кои се возат во автомобил.
Сања објави ноќна слика на која се облечени во празнични пижами додека Перо се надоврза со фотографија од „дневно возење без пижами“.


И двајцата споделија љубовна фотографија со пораката: „Голем луксуз денес е да имаш некој што сака сè со тебе“.

Антиќ минатата година раскина со Катарина Ивановска со која беше во врска по разводот од Ружица Максимовска со која има 3 сина. Ристиќ пак неодамна стави крај на бракот со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има 2 сина.