Џулија Робертс го сними својот прв едиторијал за британското издание на „Вог“.
На фотографиите за модното списание, 56-годишната актерка зрачи со харизма и освојува со својата препознатлива широка насмевка.
Валентино, Том Форд, Стела Мекартни... врвни модни куќи позајмија свои креации за реализација на фотосесијата.

Во интервјуто, Џулија беше запрашана како го одржува својот младолик изглед, на што таа одговори: „Добри гени, водење исполнет живот и ќе го речам ова – обично го кажувам на шега – но верувам во љубовта на добар маж. Верувам дека мојот сопруг ме сака и дека се грижи за мене на начин кој ме прави многу, многу среќна. И секојпат кога ќе видите некој што е среќен, не е важно колку години има“.




