Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вереницата на Кристијано Роналдо сподели фотографии од роденденската забава на близнаците Ева и Матео

Вереницата на Кристијано Роналдо сподели фотографии од роденденската забава на близнаците Ева и Матео

Ева и Матео, малите близначиња на Кристијано Роналдо, наполнија 2 години. Темите на нивната роденденска забава во Мадрид, Шпанија, беа суперхероите на Марвел и принцезите на Дизни.

Ева и Матео Ева и Матео

Вереницата на популарниот фудбалер, Џорџина Родригез, сподели фотографии од роденденот, на кој присуствуваа и Кристијано Џуниор и заедничката ќерка на парот Алана Мартина.

„Одлично си поминавме за роденденот на Ева и Матео. Им благодарам на сите пријатели и на семејството што ни се придружија на овој специјален ден“ – напиша 25-годишниот модел.

Ева и Матео Ева и Матео Ева и Матео Ева и Матео Ева и Матео Ева и Матео Ева и Матео

Видео

Поради ангажманите, Кристијано не можел да присуствува на забавата, но им го честиташе роденденот на своите малечки со фотографија и порака на Instagram. „Честито, љубови на тато! Штета што не можам да бидам таму со вас на овој специјален ден. Но, мама е со вас. Бидете секогаш најсреќни. Ве сакам најмногу“ – напиша тој.

Кристијано ги доби Ева и Матео со помош на сурогат-мајка.

Ева и Матео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.