Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс се вери и го покажа свршеничкиот прстен

Бритни Спирс се вери и го покажа свршеничкиот прстен

Бритни Спирс има фантастичен повод за славење. Музичката ѕвезда го прифати предлогот за брак од Сем Асгари.

39-годишната поп-ѕвезда ја објави веста со видео во кое гордо го покажува свршеничкиот прстен со 4-каратен брилијант, на кој е изгравиран „Lioness“ (Лавица), односно прекарот на Сем за Бритни.

Видео

Бритни Спирс

И Сем сподели фотографија од романтичниот момент.

Менаџерот на Сем ја потврди веста за свршувачката, изјавувајќи: „Парот денес ја официјализираше својата долга врска. Тие се трогнати од поддршката, посветеноста и љубовта изразена кон нив“.

Спирс и нејзиниот поранешен личен тренер започнаа да се состануваат откако се запознаа на снимањето на спотот за „Slumber Party“ во 2016 година, а објавија дека се заедно на првиот ден од 2017 година.

Гласините се дека тие планирале брак и порано, но дека биле спречени од ограничувањата наметнати од старателството на таткото на Бритни.

Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.