Кристијано Џуниор тргна по стапките на неговиот славен татко, фудбалерот Кристијано Роналдо.
11-годишното момче потпиша професионален договор со академијата на Манчестер Јунајтед, клубот за кој игра татко му. Интересно е што Џуниор ќе го носи и истиот број на дресот – бројот 7.
Џорџина Родригез сподели фотографии од гордиот момент на потпишувањето на договорот. Заедно со бремената девојка на Роналдо беа и нивните деца Ева, Матео и Алана Мартина.
„Заедно ги следиме нашите соништа. Те сака, Мама“ – напиша таа.







