Адријана Лима сними нова фотосесија во последниот триместар од бременоста.
Убавата Бразилка го разголи трудничкото стомаче пред објективот на фотографката Џозефина Биети.
Лима призна дека ова ѝ е првата фотосесија за време на бременост. „За време на бременостите со двете ќерки, немав никакви модни ангажмани, ништо. Сега, многу сум возбудена што сум фотографирана во различна фаза од животот. Се чувствував прекрасно што сум прифатена како жена, не само како модел“ – изјави Лима за списанието.












