Бредли Купер се обидува да го заштити своето здравје и здравјето на ќеркичката Леа.
48-годишниот актер и 6-годишното девојче беа фотографирани фатени за раце во Њујорк. Тие носеа заштитни маски на лицето поради загадениот воздух предизвикан од шумските пожарите кои се шират низ Канада.
На фотографиите, слатката ќерка на Бредли и Ирина Шајк носи бело фустанче и жолта маска, која одговара со нејзините патики.






Густиот облак од чад надвисна над Њујорк, а жолтеникавата светлина предизвика апокалиптични сцени во Големото јаболко, по што се откажаа голем број летови и спортски настани.
