Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Братот на Новак Ѓоковиќ и водителката Сашка Веселинов со фотографии објавија дека ќе станат родители

Братот на Новак Ѓоковиќ и водителката Сашка Веселинов со фотографии објавија дека ќе станат родители

Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов ќе станат родители. Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ и српската водителка со фотографии објавија дека го очекуваат нивното прво дете.

На една од нив, Сашка позира во бел фустан галејќи го трудничкото стомаче, а на останатите Ѓорѓе нежно ја бакнува.

Среќниот пар очекува синче.

„За помалку од 3 месеци во нашето семејство ќе пристигне засилување, а од тој момент јас ќе ја добијам најважната улога во животот – ЌЕ СТАНАМ МАЈКА. Долго време не сакав да зборувам на оваа тема, избегнував јавни настани, иако од првиот ден сè е во ред со бременоста, но за среќата навистина треба да се слушне.“

„Сега, кога веќе стана очигледно и не успеавам да го сокријам стомакот, драго ми е што на овој начин можам со вас да ги споделам најсреќните вести и со вас“ – напиша Сашка.

Ѓорѓе и Сашка се венчаа во септември минатата година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.