Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Боже фала ти за овие мали рачиња“: Марија Шерифовиќ со емотивна порака и фотографија од бебенцето

„Боже фала ти за овие мали рачиња“: Марија Шерифовиќ со емотивна порака и фотографија од бебенцето

Марија Шерифовиќ со најубавиот подарок ја заврши 2023 година и со срце полно љубов влезе во новата година.

Српската пејачка сподели слатка фотографија и призна дека е благодарна за своето синче, кое го доби со помош на сурогат-мајка.

На фотографијата се гледа рачето на бебенцето Марио кое е облечено во новогодишна облека.

Шерифовиќ

Не знам како и од каде да почнам... Како да напишам рекапитулација на ваква година... Концерти, албум, спотови, патувања во Америка, Ѕвездите на Гранд, приватниот живот... И на сето тоа неверојатна количина грижи. Така што сега, на крајот на 2023 година, можам да кажам: Боже фала ти. Фала ти за овие мали рачиња.

Некој навистина гледа сè и верувајте за секој од нас доаѓа тоа што го заслужуваме. Дури сега, денес кога имам 39 години, можам да си кажам дека срцето и душата ми се во целосен мир затоа што конечно сè си дојде на свое место.

Хм, што да ви посакам? Добро здравје! Многу трпение! Можеби најмногу ХРАБРОСТ!

И да, ви посакувам да бидете сакани од оние коишто ги сакате!

Тоа е сè од мене за оваа година.

На здравје!

Со љубов,
Марија

Шерифовиќ Шерифовиќ

Шерифовиќ пред една недела сподели дека со синчето се врати дома во Белград.

Шерифовиќ Шерифовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.