Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли по Шанел стана рекламно лице и на Гучи

Блејк Лајвли по Шанел стана рекламно лице и на Гучи

Блејк Лајвли има многу обожаватели меѓу модните лидери. На почетокот на годината Кристијан Лобутин ѝ ја испрати целата пролетна колекција обувки дома како подарок, Шанел неодамна ја ангажира како заштитно лице, а сега таа стана новото рекламно лице на женскиот парфем Gucci Premiere.

Блејк Лајвли

24-годишната актерка која многу добро соработуваше со Карл Лагерфелд, веќе го има започнато снимањето на рекламниот спот за Гучи со режисерот Николас Виндинг, додека печатените материјали ќе бидат дело на фотографското дуо Мерт и Маркус.

„Задоволство е да се работи со Фрида Џанини. Почестена сум што ќе го претставувам парфемот“ – изјавила Блејк.

Креативната директорка на Гучи, Фрида Џанини, има само пофални зборови за младата ѕвезда од „Gossip Girl“. „При создавањето на парфемот бев инспирирана од безвременскиот холивудски гламур и иконските водечки дами од златната ера на Холивуд. Харизмата и уникатниот стил на Блејк ја враќаат во живот таа привлечност на многу современ начин“ – рекла Фрида.

Минатата година Блејк беше рекламно лице на чантите Mademoiselle на Шанел.

Блејк ЛајвлиРеклама на Блејк Лајвли за Mademoiselle

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.