Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Блејк Лајвли е златна девојка во реклама на Гучи

ФОТО: Блејк Лајвли е златна девојка во реклама на Гучи

Блејк Лајвли изгледа гламурозно, мистериозно и елегантно во рекламата на Гучи за женскиот парфем Première.

Видеото е снимено во Беверли Хилс, а го доловува оној стар холивудски гламур, од кој била инспирирана и самата креативна директорка на модната куќа. „При создавањето на парфемот бев инспирирана од безвременскиот холивудски гламур и иконските водечки дами од златната ера на Холивуд. Харизмата и уникатниот стил на Блејк ја враќаат во живот таа привлечност на многу современ начин“ – изјави Фрида Џанини.

Погледнете го видеото:

Пред неколку недели се појави и првата рекламна фотографија, која на одреден начин може да се смета како најава за рекламниот клип.

Блејк Лајвли за Гучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.