Блејк Лајвли мами воздишки каде и да се појави. 34-годишната актерка присуствуваше на премиерата на „The Music Man“ на Бродвеј и изгледаше модерно и атрактивно.
На црвениот тепих, ѕвездата од „Gossip Girl“ се појави во виолетов костум и длабоко деколте.

На свеченоста присуствуваше и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Парот беше фотографиран од папараците кога пристигнуваше на прикажувањето на мјузиклот.






Блејк и Рајан се многу блиски со Хју Џекман, кој е главна ѕвезда во „The Music Man“, па тие му ја дадоа целата поддршка. И двајцата ѝ честитаа на неговата сопруга Дебора и позираа на црвениот тепих со неа.







Блејк се фотографираше и со сестра си Робин.




