Блејк Лајвли им приреди убаво изненадување на присутните на премиерата на „Pokemon: Detective Pikachu“ во Њујорк. Убавата актерка откри дека е бремена со третото дете и за првпат се појави на свечен настан со пораснатото трудничко стомаче.
31-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ блескаше во жолта креација од Retrofête додека позираше покрај својот сопруг Рајан Рејнолдс.






Блејк и Рајан се во брак од 2012 година и заедно имаат две деца – ќеркичките Џејмс и Инез.























Рејнолдс го позајмува својот глас за Детективот Пикачу во новиот филм, кој ќе започне да се прикажува во киносалите од 10 мај.