Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Благој Нацоски од Италија предупредува кое е сценариото што нè очекува и порачува: „Веднаш да се прогласи вонредна состојба“

Благој Нацоски од Италија предупредува кое е сценариото што нè очекува и порачува: „Веднаш да се прогласи вонредна состојба“

Светот живее во страв од наглото распространување на новиот коронавирус. Додека нашата држава ги проширува неопходните ригорозни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, Благој Нацоски предупредува да не го потценуваме вирусот КОВИД-19.

„Знаете што ќе се случи ако заземе толку голем замав и во Македонија? Здравството ќе биде пред колапс. Пред колапс бидејќи ќе нема повеќе места по болниците и особено ќе нема места за луѓе на интензивна нега. Здравствените работници ќе бидат истоштени од работа и ќе бидат приморани во моменти да одлучат на кого да му дадат кислород, а кој да го остават да умре. Значи ова е сценариото што нè очекува доколку вирусот заземе голем замав во Македонија.“

„Единствен начин да се спречи е да се прогласи една комплетна изолација на луѓето. Веднаш, ама во моментов веднаш. Не од понеделник, не утре, веднаш треба да се прогласи вонредна состојба, односно сите да бидат во изолација. Седете дома, не излегувајте.“

Нацоски во апелот сподели и дека пред неколку дена изгубил свој пријател како последица на коронавирус.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.