Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Благодарна сум што нема да бидам бремена повторно“: Кели Кларксон си направила стерилизација

„Благодарна сум што нема да бидам бремена повторно“: Кели Кларксон си направила стерилизација

Кели Кларксон сподели дека е среќна што нема да биде бремена никогаш повторно, благодарение на зафат наречен тубектомија или подврзување на јајцеводите.

Кели и Брендон

34-годишната пејачка, која се прослави како прв победник во шоуто „American Idol“, отворено изјави дека имала две тешки бремености и дека не сака повторно да забремени. „Супер благодарна сум што никогаш нема да забременам повторно. Ги имам моите прекрасни деца и доста е“ – рекла таа во интервју за ExtraTV.

Кели Кларксон Кели Кларксон Кели Кларксон

Покрај тоа што Кели си направила женска стерилизација, таа го убедила и својот сопруг Брендон Блексток да си направи вазектомија, односно машка стерилизација.

Кели и Брендон заедно имаат две деца, 2-годишната ќерка Ривер Роуз и 6-месечниот Ремингтон, а Брендон има уште две деца од претходниот брак, 14-годишната Савана и 11-годишниот Сет.

Кели КларксонЧетирите деца на Кели и Брендон Кели Кларксон

Музичката ѕвезда неодамна зборуваше за своето лошо искуство со екстремното гадење и повраќање во текот на двете бремености. „Ги имав најлошите можни бремености. Често завршував на болница, дехидрирана. Очигледно тоа е потребно за да создадеш прекрасни бебиња, бидејќи и двете се ѕвезди. Ги создадовме и доста е“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11557 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.