Бијонсе организираше голем настан за премиерата на филмот за нејзината турнеја „Renaissance“, со која исполни многу сали и стадиони.
42-годишната музичка дива изгледаше привлечно во сребрена креација која ги истакна нејзините препознатливи облини.
Фустанот, кој доаѓа од ателјето на Версаче, славната пејачка го надополни со сребрени ракавици.


На настанот присуствуваа членките на поранешната група на Бијонсе, Destiny’s Child. Кели Роланд носеше сребрена креација од Жан Пол Готје, додека Мишел Вилијамс за оваа пригода избра црн фустан.



Женската група Destiny’s Child најпрво започнала да настапува под името Girls' Tyme, а во неа биле Бијонсе и Кели заедно со ЛеТавиа Роберсон и ЛеТоја Лукет, кои исто така се појавија на настанот.

