Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Битолчанката Ирена Србиновска и „ергенот“ Локи објавија дека очекуваат бебе по спонтан абортус

Битолчанката Ирена Србиновска и „ергенот“ Локи објавија дека очекуваат бебе по спонтан абортус

Ирена Србиновска и Локи Гилберт ќе станат родители. 32-годишната медицинска сестра од Мелбурн, која потекнува од Битола, го очекува првото дете со „ергенот“ Локи Гилберт.

Ирена победи во осмата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“ освојувајќи го срцето на згодниот Локи и е пресреќна што ќе го прошират нивното семејство.

Ирена и Локи

„2023 е година на изненадувања и сега Локи и јас сме пресреќни што го споделуваме најголемото изненадување во нашите животи – очекуваме нов член во нашето семејство.“

„Додека се радуваме на нашата среќа, длабоко сочувствуваме со сите оние кое се соочуваат со неплодност или претрпеле загуба. Откако и самите се движевме низ емотивниот ролеркостер, ги подаваме рацете и срцата на оние кои минуваат низ истиот пат. Среде животните бури, се надеваме дека наскоро ќе го најдете вашето виножито“ – напиша Ирена, која двапати претходно имала доживеано спонтан абортус - еднаш во 2021 година и еднаш на почетокот од оваа година.

„Виножито-бебе“ е бебе родено од мајка која претходно имала спонтан абортус, родила мртво бебе или ѝ починало новороденче. (По бура се раѓа прекрасно и светло виножито, кое дава надеж дека сè ќе биде подобро, а токму оттаму потекнува идејата за концептот „виножито-бебиња“.)

Ирена и Локи Ирена и Локи Ирена и Локи Ирена и Локи

Ирена и Локи се запознаа во 2020 година, а стапија во брак во март оваа година. Парот сега очекува ќеркичка.

Ирена и Локи Ирена и Локи Ирена и Локи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.