Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бен Афлек се отвори за алкохолизмот, за мемињата за него на Греми и за љубовта која ја добива од Џеј Ло

Бен Афлек се отвори за алкохолизмот, за мемињата за него на Греми и за љубовта која ја добива од Џеј Ло

Бен Афлек сними фотосесија за Hollywood Reporter.

50-годишниот актер во интервјуто отворено зборуваше за лажните приказни во медиумите дека ја обвинувал поранешната сопруга Џенифер Гарнер за алкохолизмот, за мемињата дека му било здодевно на Греми и за поддршката која ја добива од сопругата Џенифер Лопез.

Бен Афлек Бен Афлек

Бен сподели дека неговата резервираност при давањето интервјуа е што неговите зборови честопати биле вадени од контекст. Запрашан дали алудира на интервјуто кога зборувал за пиењето алкохол кон крајот на бракот со Џенифер Гарнер, тој рекол:

„Идејата беше дека сум ја обвинувал мојата сопруга за пиењето. Да разјасниме нешто, моето однесување е целосно моја одговорност“.

Тој објасни дека неговите зборови во интервјуто биле погрешно протолкувани од New York Post поради кликови, а потоа сите останати само го следеа тоа.

„Не беше важно колкупати кажав: ‘Не се чувствувам вака. Ви кажувам дека не ја обвинувам мојата поранешна сопруга за мојот алкохолизам’. Да, тешко е. Но, Џенифер Лопез денес ми рече: ‘Опушти се, биди она што си. Забавувај се. Ти всушности си забавен тип кој е искрен и реален, едноставно си премногу сериозен.’ За многу нешта таа е во право. Ме сака. Се грижи за мене. Се обидува да ми помогне. Па, можеби треба да ја послушам“ – рече Афлек.

Бен Афлек

За мемињата кои кружеа онлајн дека му било здодевно на Греми, тој рече:

„Одлично си поминав на Греми. Мојата сопруга требаше да оди, па си помислив: ‘Ќе има добра музика. Може да биде забавно.’ Сум одел на настани бесен. Сум одел на настани каде ми било досадно. Сум бил на доделување награди пијан, повеќепати. Никој ниту еднаш не рече дека сум пијан. Но, на Греми велеа дека сум пијан. Мислам дека тоа е интересно. Тоа покренува друго нешто за тоа дали е мудро или не е да ја признаеш твојата зависност, бидејќи има големо сочувство, но сè уште има огромна стигма, што често е прилично инхибирачки. Мислам дека тоа ги обесхрабрува луѓето да си го подобрат животот“.

„Станав, не по моја волја, пример за алкохолизам и отрезнување. Најдоброто е што понекогаш луѓето ме бараат за помош. Убаво се чувствувам кога го правам тоа“ – додал Бен.

Бен Афлек Бен Афлек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.