Џорџина Родригез редовно им дозволува на нејзините фанови и на фановите на Кристијано Роналдо да „ѕирнат“ во нивниот приватен живот.
26-годишната Шпанка сподели слатки фотографии од четирите деца на славниот фудбалер. Само едно од децата, ќеркичката Алана Мартина, е заедничко дете на парот. Близнаците Матеа и Ева, како и Кристијано Џуниор се родени со сурогат-мајка.
„Безусловна љубов“ – напиша таа.







Претходно, тие беа на семеен одмор заедно со Кристијано.
Утрово, Џорџина сподели фотографија на која позира покрај приватен авион во Мадрид пред да се упати на Филмскиот фестивал во Венеција.