Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Без грам шминка: Алиша Кис фотографирана од двете мали деца за насловната на InStyle

Без грам шминка: Алиша Кис фотографирана од двете мали деца за насловната на InStyle

Алиша Кис е ѕвездата на насловната страница на јулското издание на InStyle.

39-годишната музичарка позираше без шминка додека зад објективот стоеја нејзините два сина – 9-годишниот Иџипт и 5-годишниот Џенесис. Алиша одлучи да не се шминка пред четири години.

„Фотографирана од нејзиното семејство“ – пишува на корицата.

Алиша Кис

Сите фотографии од едиторијалот биле направени од двете мали момчиња со асистенција на нивниот татко Свиз Биц. Алиша носи модели од Живанши, Шанел, Фенди и Салваторе Ферагамо.

Алиша Кис Алиша Кис Алиша Кис

Во интервјуто за списанието, Кис зборуваше колку е важно луѓето да се сакаат и почитуваат едни со други, како и за тоа дека никогаш не би се вратила во нејзините 20-ти години.

„Одлични сме во осудувањето еден со друг и во претпоставки какви се луѓето кога всушност воопшто не ги познаваме. За мене, најважното нешто кое можеме да го направиме сега е да одделиме секунда за да се видиме и да се цениме онакви какви што сме. Навистина верувам дека ние сме тоа – она што го чекаме и она што го бараме. Нештата ќе започнат да се менуваат преку начинот на кој ги воспитуваме децата, начинот на кој избираме да се однесуваме едни кон други, начинот на кој се соочуваме со светот“ – рекла таа.

Алиша Кис Алиша Кис Алиша Кис

„Се колнам не би се вратила назад во моите 20-ти години дури и кога би ми платиле – тоа буквално ми беше најлошиот период. Очајно сакав да се вклопам. Бев слепа, зависна од мислењето на сите други, толку ми беше неудобно и нејасно“ – изјави Алиша за своето минато.

Алиша Кис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.