Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Бев погрдата сестра“: Бела Хадид проговори за операцијата на носот која си ја направила на 14 години и споредбите со Џиџи

„Бев погрдата сестра“: Бела Хадид проговори за операцијата на носот која си ја направила на 14 години и споредбите со Џиџи

Бела Хадид се отвори за менталното здравје, за споредбите со сестра ѝ Џиџи и за пластичната операција која си ја направила на носот на 14-годишна возраст.

25-годишната манекенка, која се вбројува во најплатените и најбараните модели, сними фотосесија за „Вог“, а во интервјуто зборуваше за својот живот. На насловната страница од модната библија, Бела позира во креации дизајнирани од Џон Галијано.

Бела Хадид

Говорејќи за пластичната операција на носот во тинејџерските години, Бела рекла: „Посакувам да го задржев носот на моите предци“. Иако постојано се шпекулира дека има направено и други корекции (зголемување на усните и јаболкниците, заострување на брадата, лифтинг на очи и сл.), таа тврди дека ништо од тоа не е точно.

Бела Хадид

„Луѓето мислат дека целосно сум си го променила лицето поради една фотографија од мене како тинејџерка на која сум отечена. Прилично сум сигурна дека ниту вие сега не сте исти како на 13 години, зарем не? Никогаш не сум користела филери. Да ставиме крај на тоа. Немам ништо против нив, но не се за мене. До оние кои мислат дека сум си ги затегнала очите или како и да го нарекуваат – тоа се вика лепило за лице! Најстариот трик. Имав синдром на измамник и луѓето правеа да чувствувам како да не заслужувам ништо од ова. Луѓето секогаш имаат нешто да кажат, но она што јас го велам е дека секогаш сум била погрешно сфатена во индустријата и од луѓето околу мене“ – вели таа.

Бела Хадид

За споредбите со Џиџи: „Бев погрдата сестра. Бев бринета. Не бев кул како Џиџи, не бев толку дружељубива. Тоа вистински го велеа луѓето за мене. За жал, кога толку многу пати ќе ти ги повторат работите, започнуваш да веруваш во нив. Отсекогаш сум се прашувала себеси, како девојка со толку многу неверојатни несигурности, анксиозност, депресија, проблеми со прифаќањето на сопственото тело, проблеми со јадењето, која мрази да биде допрена, која има силна социјална анксиозност, што барав да влегувам во овој бизнис? Но, низ годините, станав одлична актерка. Ставав насмеано лице или многу силно лице. Секогаш чувствував како да треба нешто да докажувам.“

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Бела отсекогаш отворено зборувала за нејзиното нарушено здравје.

„Три години, додека работев, секое утро се будев хистерична, во солзи, сама. Не сакав да му го покажам тоа на никого. Одев на работа, плачев во мојата мала соба за време на ручекот, ќе го завршев денот, ќе одев во некој случаен мал хотел во кој престојував вечерта, повторно плачев, се будев утрото и повторно го правев истото“ – раскажува таа.

Бела Хадид

Убавата Американка е категорична дека не е лесно да се работи во модната индустрија, дека има нереални стандарди за убавина и дека се радува што нештата конечно почнуваат да се менуваат.

„Девојки плачеле во мојот скут во 4 часот наутро сè уште на проби за некоја ревија, а во 7 часот требало да бидат на друга ревија. Потполно уништени, со изгорена коса, гладни, истоштени до точка на тресење“ – објаснила Бела.

Бела Хадид Бела Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27752 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.