Мартина Михајловска и Виктор Илоски организираа бајковита роденденска забава за ќеркичката Алана.
Темата на прославата беше инспирирана од дизниевиот хит „Frozen“ и 4-годишната славеничка изгледаше неодоливо во фустанче со коњчиња.
Мартина и Виктор споделија фотографии од прославата, а на една од нив позираат заедно со двете деца – Алана и Матиас.

„Среќен 4-ти роденден мое сè, ти растеш многу брзо. Тато те сака до бесконечноста и секогаш ќе биде тука за тебе“ – напиша македонскиот бизнисмен.





Мартина е манекенка и поранешна водителка која неретко е нарекувана и „македонската Ева Мендес“.