Џенифер Анистон склучи ново партнерство со велнес брендот Vital Proteins.
51-годишната актерка е креативен директор и ѕвезда во новата кампања на брендот. На фотографиите, Анистон позира во спортски комбинации со краток горен дел, покажувајќи ја импресивната фигура на која многумина можат да ѝ позавидат.

„Нашата сила започнува внатре во нас, па затоа избирам добри хранливи состојки и правилните суплементи на почетокот од денот“ – рекла таа за People.
„Колагенот е лепилото што држи сè заедно. Отсекогаш сум стоела зад тоа дека грижата за твојата добросостојба започнува однатре и поради тоа започнав да користам Vital Proteins уште пред многу години. Сега сум превозбудена што имам можноста да бидам дел од брендот на поголем начин, како креативен директор“ – додала таа.


„Се обединуваме за да го инспирираме светот да живее поздрав и поенергичен живот“ – велат од Vital Proteins за соработката со Анистон.

