Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Аријана Гранде призна дека имала ставено многу филери за усни и ботокс пред 25-тата година

Аријана Гранде призна дека имала ставено многу филери за усни и ботокс пред 25-тата година

Аријана Гранде се расолзи додека зборуваше за козметичките процедури кои ги имала направено во минатото.

Во ново видео за „Вог“, 30-годишната пејачка и актерка призна дека имала ставено „куп“ филери на усните и ботокс пред 25-тата година, но дека престанала во 2018 година.

Аријана Гранде

„Мојата врска со убавината се промени многу низ годините. Порано ја користев шминката како маска или како нешто зад кое се криев. Како што станувам повозрасна, ја гледам шминката како начин на самоизразување и акцентирање на она што е тука.“

„Имав куп филери на усните низ годините и ботокс. Престанав во 2018, бидејќи чувствував дека е премногу. Чувствував како да се кријам. Не очекував дека ќе станам емотивна“ – рече Гранде со насолзени очи.

Аријана Гранде

„Долго време, убавината за мене беше криење, а сега чувствувам дека можеби повеќе не е, бидејќи престанав да ставам филери и ботокс.“

„Сакам да ги видам моите добро заслужени брчки од плачење и од смеење. Се надевам дека моите линии од смеење ќе стануваат сè подлабоки и подлабоки и се смеам сè повеќе и повеќе. Едноставно мислам дека стареењето може да биде убаво нешто.“

„Ако зборуваме за тајни за убавина, ајде да откриеме сè“ – додаде Аријана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11327 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.