Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Аријана Гранде возврати на критиките: „Го сметаа моето тело за здраво кога пиев антидепресиви и алкохол“

Аријана Гранде возврати на критиките: „Го сметаа моето тело за здраво кога пиев антидепресиви и алкохол“

Аријана Гранде им возврати на сите оние кои ја критикуваат и го исмејуваат нејзиниот сегашен изглед.

29-годишната пејачка неодамна беше фотографирана во Лондон, а фотографиите предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи. Многумина изразија загриженост дека таа се изгладнува себеси, дека не е здрава и дека е преслаба, па дури и анорексична.

Аријана Гранде Аријана Гранде Аријана Гранде

Очигледно, славната музичарка не остана имуна на коментарите и сними видео во кое ги замоли луѓето да не ја споредуваат со онаа верзија која што била во минатото, бидејќи токму тогаш била најнездрава.

Еве дел од нејзиниот говор:

Не го правам ова често. Не ми се допаѓа, не сум добра во тоа. Но, сакав да ви се обратам во врска со вашите грижи за моето тело... Мислам дека треба да бидеме понежни кога коментираме за телото на другите луѓе, без разлика на сè.

Има начини за да му дадеш комплимент на некого или да игнорираш нешто што го гледаш, а не ти се допаѓа.

Сакам да кажам и дека има многу различни видови на убавина. Има многу различни начини да изгледаш здраво и убаво. Лично за мене, телото со кое го споредувате моето сегашно тело беше најнездравата верзија од моето тело. Бев на многу антидепресиви, пиев алкохол, се хранев лошо и бев во најдолната точка од мојот живот кога вам ви изгледав на начинот што го сметате за здрав за мене, а всушност не беше здрав. Првото нешто е дека „здравото“ може да изгледа различно.

Второто нешто што сакам да го кажам е дека никогаш не знаете низ што поминува некој.

И трето, само сакам да раширам љубов кон вас и да ви кажам дека сте убави без разлика во која фаза сте. Патем, сакам да ви кажам дека не носам трепки или ајлајнер во моментов. Ова е моето лице, овие се моите очи, па не полудувајте и за тоа, ве молам.

@arianagrande

♬ original sound - arianagrande
Аријана Гранде Аријана Гранде

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11313 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.