Анџелина Џоли ја посети продавницата која ќе го носи името на нејзиниот моден бренд, Atelier Jolie.
Во Њујорк, 48-годишната актерка изгледаше софистицирано во целосно црн стајлинг. Заедно со неа беа три од нејзините шест деца кои ги има со Бред Пит. Ќерката Захара и синовите Нокс и Пакс ја придружуваа славната актерка која го лансираше својот бренд на почетокот од годината.
„Привилегија е да се биде на ова место“ – рекла таа.





Со ова ателје, Џоли цели да им помага на дизајнери и креативци кои имаат талент и сакаат да работат во модниот свет, но немаат соодветни услови.
„Не сакам да бидам голем дизајнер. Сакам да изградам куќа за другите да станат токму тоа. Запознав многу артисти низ годините, многу способни, талентирани луѓе и сакам да гледам како растат“ – изјави таа.



