Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли на роденденот на мајка ѝ, која почина од рак, апелира жените редовно да се прегледуваат

Анџелина Џоли на роденденот на мајка ѝ, која почина од рак, апелира жените редовно да се прегледуваат

Анџелина Џоли ретко е присутна на социјалните мрежи, но се активира кога има важна порака да пренесе.

Вчера, на Светскиот ден за борба против ракот на јајчниците, 47-годишната актерка напиша пост со важна порака за сите жени. Во чест на нејзината мајка, која почина по долгогодишна битка со рак на дојка и јајчници, Џоли апелираше сите ние да се грижиме повеќе за себе и да правиме редовни прегледи.

Таа сподели и фотографија од своето детство со мајка си Маршелин Бертран, на која многу наликува.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Утре ќе беше 73-тиот роденден на мајка ми. Таа почина пред 15 години, по долга битка со рак на дојка и јајчници. Во јуни, ќе бидам само еден месец подалеку од возраста на која ѝ беше дадена дијагнозата. Си направив превентивни операции за да се обидам да ги намалам шансите, но продолжувам да си правам прегледи.

Им ја испраќам мојата љубов на сите оние кои изгубиле сакана личност и сила на оние кои во моментов се борат за својот живот и животот на оние кои ги сакаат.

А другите жени, ве молам, одделете си време за да се грижите за себе и одете на вашите прегледи со мамограф, тестирања на крвта и ултразвук, особено ако имате семејна историја на рак.

Во семејството на Џоли има подолга историја на рак. Нејзината тетка и нејзината баба исто така починаа од оваа болест.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.