Анџелина Џоли беше наградена за својата хуманитарна работа на церемонија во Њујорк. 42-годишната актерка беше почестена со наградата UNCA Global Citizen of the year.
Холивудската ѕвезда ја истакна својата безвременска убавина во црно-бела креација на настанот на кој се појави заедно со четири од своите шест деца.
14-годишниот Пакс, 12-годишната Захара, 11-годишната Шајло и 9-годишниот Нокс гордо позираа покрај својата славна мајка.
Елегантниот фустан, во кој славната актерка и режисерка зрачеше со холивудски гламур, е дело на модната куќа Ралф и Русо.