Антониа Гиговска има нов имиџ. Македонската пејачка, која пред три месеци стана мајка, се пофали со новата фризура на Instagram.
Таа објави фотографии на кои позира облечена во фустан со зебрест принт и сподели дека е среќна со новиот изглед.
22-годишната музичарка во својот стајлинг додаде чантичка во циклама нијанса и црни чизми.






