Ана Курникова успеа да ја задржи во тајност својата бременост, па фановите беа изненадени кога пред неколку часа таа објави фотографија од трудничкото стомаче.
36-годишната поранешна тенисерка на Instagram покажа како изгледаше во 37-мата недела од бременоста со близнаците Николас и Луси. На фотографијата, Ана изгледа одлично додека позира во кожени црни панталони и обувки со висока штикла.
Пред неколку дена, Енрике сподели фотографија на која позира со едно од близначињата. „Сè уште не можам да поверувам... дека си мое“ – напиша тој.
Ана и Енрике станаа родители во декември минатата година, по 16-годишна врска.



