Џорџ и Амал Клуни беа меѓу многуте славни гости на овогодишната гала на Музејот на Академијата за филмски уметности и науки.
На свеченоста во Лос Анџелес, 44-годишната адвокатка шармираше во зелено-бела креација од колекцијата ресорт 2023 на Del Core, додека 61-годишниот актер избра класичен црн костум. Славната двојка, која неодамна ја прослави осмата годишнина од бракот, со насмевка позираше пред фоторепортерите.















Долгогодишната пријателка на Џорџ, Џулија Робертс, на настанот ја прими наградата „Икона“.
